
На Клиниката за Токсикологија, по трагедијата во Кочани, се хоспитализирани 18 пациенти. Директорот Андон Чибишев информира дека од нив четворица заради влошување на општата состојба се префрлени на Клиниката за интензивно лекување на КАРИЛ.
Од нив се очекува три лица да бидат префрлени во странство – во Словенија и Полска.
Од 13 останати на Токсикологија, Четворица се во нестабилизирана состојба. Не сме задоволни, Бидејќи се работи, покрај изгореници на горните дишни патишта, и за акутно тешко труење со штетни гасови, посебно со јаглероден моноскид. Очекуваме да има компликации во наредните денови, но ние сме сите мобилни, екипите на клиниката се појачани и мислам дека се ќе биде во ред. Се надеваме и со Божја помош дека се ќе биде во ред, истакна Чибишев.