ФОТО| Се бара слобода за приведените кои спасувале деца во дискотеката „Пулс“

Во истрагата за трагедијата во Кочани, најкрвавиот настан во историјата на независна Македонија, досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

За приведените лица, кои спасиле многу лица од пожарот во дискотеката во Кочани, а дел од нив биле и обезбедување на објектот, вечерва група граѓани ја искажаа својата поддршка, барајќи тие да се ослободат, бидејќи според нив се херои, а не виновни.

Наталија Георгиева, сопруга на Мартин кој работел како обезбедување на дискотеката, изрази длабоко жалење и сочувство за жртвите. Таа рече дека се тука за да кажат дека овие луѓе, на плакатот, херојски се бореле да ги спасуваат децата.