
Во вечерашното издание во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше Љупчо Зиков, поранешен директор од редовите на СДСМ. Тема на разговор беше трагедијата во Кочани и тој истакна дека се случува во време кога навистина има Влада и додаде:
Сакам да се согласам со Зоран Димитровски за тоа како институциите работат деновиве. Значи можело Јавното обвинителство да работи очигледно, направија тим, мислам 9 јавни обвинители во тимот, таму се во Кочани цело време, патуваат, работат тимски и еве резултат за 48 саати и тоа добар. Втора работа полицијата очигледно ревносна е во овој случај, денес докажува дека ги чисти и сопствените редови, истакна Зиков.
Тој во текот на емисијата оддаде и признание до институциите.
„Во секој случај сакам да оддадам признание особено на Јавното обвинителство, околу здравството ќе кажам дека добро се држи здравството“, вели Зиков.