
Колективен погреб за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ е планиран во Кочани. Последното испраќање на 59-те млади луѓе, чии животи трагично завршија во неделата наутро ќе биде спроведено штом Институтот за судска медицина во Скопје заврши со обдукција и ДНК анализа на телата, за да може семејствата да ги препознаат своите најблиски и да ги погребаат.
Работници од кумановската општина биле испратени да им помогнат на своите колеги во Кочани, каде што се прошируваат гробиштата и се прават нови гробни места за жрвтите од трагедијата. Првичните информации се дека е планиран колективен погреб.
Денеска и официјално беше соопштено дека погребите ќе се одржат на 20 март, поточно в четврток.
Новинската агенција „Ројтерс“ објави куса видео репортажа од подготовките и проширувањето на кочанските гробишта.