Американските астронаути се вратија на Земјата по непланираниот долг престој во вселената

Двајца американски астронаути се вратија на Земјата откако беа заглавени на Меѓународната вселенска станица (ISS) повеќе од девет месеци поради технички тешкотии на нивното летало.

Суни Вилијамс и Бери Вилмор ја напуштија ISS во вселенското летало „Crew Dragon“ на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск рано утрото во вторникот според локално време, а американската вселенска агенција NASA во живо го емитуваше нивното заминување од станицата.

Во придружба на американскиот астронаут Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, тие слетаа во морето во близина на брегот на американската сојузна држава Флорида по 17-часовното патување.

Вилијамс и Вилмор пристигнаа на ISS на почетокот на јуни на првиот пробен лет на вселенското летало „Starliner“ на корпорацијата „Boeing“. Требаше да останат во вселената една седмица, но поради бројни технички проблеми со нивното летало останаа заглавени на станицата.

Хејг и Горбунов пристигнаа на ISS во септември со вселенското летало „Crew Dragon“ со празни места за Вилијамс и Вилмор.

Педесет идеветгодишната Вилијамс и 62-годишниот Вилмор веќе неколкупати биле во вселената и важат за искусни астронаути.