МВР расчистува со криминалот, приведен ракокодителот на урбанизам на Маврово Ростуше, фатен со мито

Реализиран случај на примање поткуп. На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. Садредин Елезоски.

Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети.

Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.