
Македонската влада со брза, правовремена и посветена реакција, по трагедијата во Кочани, покажа пример на одговорност за регионот и за земјите од ЕУ, објавува националниот сервис на Црна Гора, пренесува НетПрес.
Во прилогот наведено е дека додека во некои земји во регионот жртвите и нивните семејства со години чекаат правда, Македонија покажа дека институциите можат да делуваат брзо и одлучно. По трагедијата во Кочани, каде во пожар животот го изгубија 59 млади луѓе, властите веднаш презедоа неопходни мерки – истрагата почна без одложување, одговорните се уапсени, а помош за жртвите и нивните семејства е организирана на највисоко ниво. Во регионот сме честопати очевидци на долготрајни процеси, каде иснтитуциите со месеци, па дури и со години, не носат конкретни одлуки. Во Македонија, разлика од тоа, правдата не се одлага – одговорноста се утврдува веднаш, а институциите покажуваат целосна посветеност, транспарентност и придржување до законот.
Посебно внимание заслужува брзината на спсаувачките тимови п медицинските екипи стигнале на местото на несреќата со рекордна брзина, а државните болници обезбедија итна и најквалитетна нега за повредените. Додека во други земји јавноста се соочува со фрустрации поради бавноста на институциите, Македонија покажа како треба да функционира еден одговорен систем – со брза реакција, со јасен и одлучен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, објавува РТЦГ.
Во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кој се случи во ноќта меѓу саботата и неделата, загинаа 59 лица, додека речиси 200 се повредени.