
Универзитетското студентско собрание при УКИМ информираше дека наместо големи собири по кампуси ќе се организираат само собири на ниво на факултети. Целта е изразување почит и сочувство за загинатите во пожарот во кочанската дискотека.
„Овие црни денови не се момент да се делиме, ниту да се пренасочуваме едни против други. Да се сплотиме како студенти и да си ја распределиме тагата, така е полесна“, велат од универзитетското собрание при УКИМ.
Одлуката е донесена за да не се создава дополнителен метеж. Ваквите собири се случуваат во време кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации.