
Во среда во Македонија по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури се движат од минус 10 до 0, додека највисоките дневвни ќе бидат соодветно во опсегот меѓу 4 и 15 Целзиусови степени.