
Брзата реакција на властите ја мобилизираше Европа, го мобилизираше светот. На помош дојдоа доктори специјалисти од Србија, Чешка и Израел. Израелските лекари раскажаа што се случувало и нагласија дека првично донесените одлуки на властите биле одлични. Брзата реакција успеала да спаси многу млади луѓе кои биле во катастрофално тешка состојба, а сега се веќе стабилни, констатираа докторите од Израел за ТВ Алфа.
Ања Лукарова разговараше со двајца израелски доктори.