Лина Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Марибор

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Марибор откако денеска славеше победа од 2-1 во сетови над Французинката Џесика Покет (6-4, 2-6 и 7-6).

Ѓорческа беше подобра во првиот сет и успеа да го освои со 6-4, но потоа Покет заигра подобро во вториот и нашата тенисерка освои само два гема.

Голема борба видовме во третиот последен сет кој се решаваше во тај-брејк.

За место во полуфиналето Ѓорческа утре ќе игра Мариам Болквадѕе од Грузија која во Словенија е нејзина партнерка во двојки.