
Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.
Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои 6 се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.
– На ВМА има 10 пациенти, од кои 6 се на интензивна нега. Сите се во тешка и тешка состојба. Еден пациент кај кого има подобрување на здравствената состојба го напушти одделението за Интензивна нега и е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Тоа значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување – изјави за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија и главен дежурен хирург.
Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица во трагедијата во Кочани.