Претежно сончево, благ раст на температурите

По студеното утро, во четвртокот на територијата на Македонија ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува претежно сончево со слаб северен ветер.

Утринските температури се во интервалот меѓу минус 8 и минус 2, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат меѓу 7 и 18 Целзиусови степени.