
Борбената група на руската армија „Север“ одби два обида за противнапади на украинските вооружени сили во руската област Курск, соопшти во четвртокот руското Министерство за одбрана и истовремено извести дека е „уништен“ обидот на украински единици да направат прегуграничен пробив во другиот јужен руски регион на Белгород.
„За време на офанзивните операции, единиците на групата сили Север им нанесоа загуби на формации од две механизирани, воздушно-десантни јуришни бригади, една поморска пешадиска бригада на украинските вооружени сили и две бригади за територијална одбрана во областите на населбите Гоголевка, Горнал и Олешња. Отфрлени се два противничка контранапади“, се се наведува во објавата на руското Министерство.
Покрај тоа, авијацијата и артилерија погодиле позиции на украиска жива сила и опрема во областите на четири населени области во областа Курск, како и 16 во регионот Суми во Украина, непосредно наспроти Курск.
„Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат да ги поразуваат формациите на украинските вооружени сили во областа Курск“, појасни Министерството за одбрана.
Во почетокот на март, руската армија започна голема офанзива во областа Курск, каде ланското лето украинските сили направија неочекуван продор заземајќи поголемо пространство во јужна руска област. Според досегашните независни објави на проруски и западни воени аналитичари, украинските сили за помалку од две седмици изгубиле од контрола огромен дел од територијата на која беа распоредени и се наоѓаат во опкружување. Сепак, британската агенција Reuters во четвртокот објави наводни сателитски снимки од Курск на кои како што тврди се докажувало дека украинските сили наводно не биле во опкружување.
Како што претходно беше известен рускиот претседател Владимир Путин од началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, украинската група војници е изолирана и во моментов систематски се уништува, додека во одредени области руските единици ја преминале државната граница и влегле во регионот Суми.
Истоврмено во четврокот беше објавено дека руската војска уништи два система за расчистување мини на украинската едииници и возило за расчистување мини „Wisent MC1“ кога се обиделе да се приближат до руската граница, пренесе агенцијата РИА поикувајќи се на извештајот од рускиот баталјон Феникс кои обезбедиле видео-снимки од ударите.
„При обидот да се доближиме до руската граница, беа уништени многу возила на украинските оклопни единици, вклучително и две единици за расчистување мини од ‘УР-77 Метеорит’ и единица за расчистување мини од германско производство Wisent MC1“, рекол изворот на агенцијата.
Додал дека операторите на беспилотни летала-камиказе FPV на баталјонот Феникс имале „плоден ден“ во вторникот. Исто така, посочил дека обидот на украинските вооружени сили да се пробија не успеал и дека опремата на непријателот била изгорена или оштетена до целосна неупотребливост.