
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина.
Хамилтон, кој во досегашната кариера има шест победи на трките за Големата награда на Кина, патеката во Шангај во квалификациите ја мина за 1:30.849 минути, поставувајќи нов рекорд во кругот.
Второто место во квалификациите, со само 18 илјадитинки послабо време, го освои актуелниот светски шампион од Холандија, Макс Верстапен (Ред Бул), додека зад нив трката ќе ја започнат Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен-Мерцедес) и Монегаски Шарл Леклер (Ферари).
СТАРТЕН РЕД
1 ред:
Луис Хамилтон (Велика Британија/ Ферари)
Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул)
2 ред:
Оскар Пјастре (Австралија/ Мекларен-Мерцедес)
Шарл Леклер (Монакко/ Ферари)
3 ред:
Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес)
Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен-Мерцедес)
4-ти ред:
Андреа Кими Антонели (Италија/ Мерцедес)
Јуки Цунода (Јапонија/ Рејсинг Булс-Ред Бул)
5-ти ред:
Александар Албон (Тајланд/ Вилијамс-Мерцедес)
Ленс Строл (Канада/ Астон Мартин-Мерцедес)
6-ти ред:
Фернандо Алонсо (Шпанија/ Астон Мартин-Мерцедес)
Оливер Берман (Велика Бртанија/ Хаас-Ферари)
7-ми ред:
Карлос Саинц јуниор (Шпанија/ Вилијамс-Мерцедес)
Габриел Бортолето (Бразил/ Заубер-Ферари)
8-ми ред:
Исак Ажар (Франција/ Рејсинг Булс-Ред Бул)
Џек Духан (Австралија/ Алпен-Рено)
9-ти ред:
Пјер Гасли (Франција/ Алпен-Рено)
Естебан Окон (Франција/ Хаас-Ферари)
10-ти ред:
Нико Хулкенберг (Германија/ Заубер-Ферари)
Лиам Лосон (Нов Зеланд/ Ред Бул)