Квалификации за СП: Винисиус обезбеди победа на Бразил во судиското продолжение

Фудбалската репрезентација на Бразил направи голем чекор кон пласман во завршницата на Светското пртвенствво кое во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада, со победата на домашен терен против Колумбија со 2:1 (1:1) во 13. коло од јужноамериканската квалификациска зона.

Бразил стигна до победа во драматичната завршница со голот на Винисиус во деветтата минута од судиското надополнување. Во првото полувреме Бразил поведе преку Рафиња уште во 6. минута од пенал, а израмни Дијаз пред крајот на првото полувреме во 41. минута.

Со оваа победа Бразил скокна на второто место на табелата со 21 бод, четири помалку од водечката Аргентина и еден повеќе од третопласираниот Уругвај и четвртопласираниот Парагвај, а Уругвај и Аргентина одиграа по еден натпревар помалку. Колумбија е шеста со 19 бодови, исто колку и петтопласираниот Еквадор, кој одигра натпревар помалку.

Шесте првопласирани селекции од Јужна Америка на крајот од квалификациите ќе се пласираат на Светското првенство, додека седмопласираната ќе се пласира во интерконтиненталните квалификации.

Голем чекор кон пласман на Светското првенство направи и Парагвај со минималната победа од 1:0 (0-0) на домашен терен против Чиле, остварена со голот на Алдерете во 60. минута. Овој пораз го остави Чиле на последното место на табелата со само 9 бодови.

Перу доби нова надеж за пласман на Светското првенство со победата од 3:1 (2:1) на домашен терен против Боливија. Поло (37), Гереро (45) и Флорес (82) погодија за Перу, а Терсерос (58-11м) за Боливија. Боливија и натаму го држи седмото место во поредокот што води во дополнителните квалификации со 13 бода, но заостанува само бод зад осмопласираната Венецуела која е со натпревар помалку, додека Перу е деветти со 10 бода.

 

РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО,
четврток:
Парагвај – Чиле 1:0
Бразил – Колумбија 2:1
Перу – Боливија 3:1

петок:
Еквадор – Венецуела
Уругвај – Аргентина

ТАБЕЛА:
1 Аргентина 12 8 1 3 21-7 25
2 Бразил 13 6 3 4 19-12 21
3 Уругвај 12 5 5 2 17-9 20
4 Парагвај 13 5 5 3 9-7 20
5 Еквадор (-3) 12 6 4 2 11-4 19
6 Колумбија 13 5 4 4 16-12 19
7 Боливија 13 4 1 8 14-30 13
8 Венецуела 12 2 6 4 11-15 12
9 Перу 13 2 4 7 6-16 10
10 Чиле 13 2 3 8 9-21 9