
Советот на Општина Гевгелија денеска на вонредна седница едногласно ја изгласа предлогот одлуката со која општината издвојува 1.500.000 денари како хуманитарна помош наменета за семејствата на загинатите и повредените во трагичниот настан во Кочани.
„Тажен е поводот за денешната седница. Не постојат зборови со кои може да се изрази сочувство за згаснатите млади животи. Не постојат зборови на утеха на нивните најблиски. Вечен покој и спомен на настраданите, а Бог да им даде сила на семејствата да го пребродат овој тежок момент“, рече претседателот на Советот Ѓорѓе Попов пред советниците.
На почетокот на седницата советниците во Советот на општина Гевгелија, со едноминутно молчење им оддадоа почит на трагично загинатите во катастрофалниот пожар во Кочани.