
Доколку во природата на кралското семејство е да испраќа пораки, фотографијата на принцот од Велс во тенк во близина на руската граница е една од најдиректните испратени, објави во петокот BBC.
Принцот Вилијам пристигна во Естонија за да ја поддржи британската војска во она што сега е нејзино најголемо оперативно распоредување во странство – одбрана на балтичката држава од навоната руска закана.
„Во петокот, на студен и каллив воен полигон, принцот ги обиколи војниците и воената опрема што го штитат источното крило на НАТО“, пишува натаму BBC.
Принцот, во маскирна униформа, гледајќи од тенк „Challenger 2“, какви што 14 испрати Лондон на фронтот во Украина и беа повлечени во заднина откако набрзо по испораката неколку од нив беа целосно уништени, а потоа и од оклопно борбено возило, имаше намера да испрати порака за „посветеноста“ на неговото Обединето Кралство да „одбие каква и да е руска агресија“.
За време на неговиот дводневен престој во Естонија, принцот Вилијам посети околу 900 британски војници кои служат како дел од оваа мултинационална единици. Принцот беше однесен низ воениот полигон за обука во кампот Тапа, кој е дел од операцијата Кабрит, придонес на Велика Британија за „колективната безбедност и одбрана“ на НАТО во овој кревок балтички регион.
На принцот, кој носеше значка на НАТО на својата униформа, му беше покажана теренската обука на борбената група, а исто така се сретна со естонските и француските војници.