Трамп ги активира итните овластувања за поддршка на домашното производство на минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп ги активираше итните овластувања за да го поддржи домашното производство на клучните минерали и да го отвори патот за поуспешно парирање на Кина.

Американскиот претседател на тој начин потврди дека има намера да го поттикне домашното производство на енергија и минерали и да го намали увозот од водечките производители Кина и Канада.

Минералите како литиумот и никелот се користат во низа електронски производи, а се проценува дека побарувачката за производство на батерии за електрични возила остро ќе се зголеми во наредните години. Кина е најголемиот светски производител или преработувач на многу клучни минерали, потсетува Reuters.

Трамп потпиша извршна наредба која го инкорпорира Законот за одбранбено производство (DPA) од времето на Студената војна, како дел од напорите да обезбеди финансирање, заеми и друга инвестициска поддршка за домашната обработка на низа критични минерали.

Овој закон му дава на Пентагон широк простор за набавка на опрема потребна за одбранaта. Неговото активирање суштински сигнализира дека потпирањето на ривалските земји за снабдување со клучни минерали претставува закана за националната безбедност.

„Соединетите држави некогаш беа најголемиот светски производител на барани минерали, но прекумерната сојузната регулатива го еродира домашното производство на минерали“, напиша Трамп во извршната наредба.

Сојузните агенции сега ќе треба да состават список на рудници во САД кои можат брзо да добијат дозволи за работа, како и земјиште во сопственост на сојузната влада, вклучително и она што го контролира Пентагон, што би можело да се користи за преработка на минерали.

САД моментално произведуваат многу малку литиум и никел, а нивниот единствен рудник за кобалт беше затворен минатата година под притисок на интензивната кинеска конкуренција. САД имаат повеќе рудници за бакар, но само две топилници за преработка во цевки, жици и други компоненти. Тие, исто така, имаат само една руда од ретките метали што се користи за производство на магнети, наведува Ројтерс.

Регулативата, исто така, поттикнува побрзо издавање дозволи за проекти за рударство и преработка и директива до Министерството за внатрешни работи да му даде приоритет на производството на минерали на федерално земјиште. На агенциите им е наредено да помогнат во зголемувањето на американското производство на бакар и злато, кои во моментов немаат статус на минерали од стратешко значење во класификацијата на Геолошкиот институт на САД, забележува Reuters.