
Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми.
Пожарот избувнал во реонот понаселбата меѓу Софилар, градските гробишта и се движи кон Баница. Гори на три страни. Пожарот брзо се ширел од силниот ветер. Засега нема информации како избувнал пожарот.
Според достапните информации, сите противпожарни екипи од Струмица се на терен, а напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.