Враќањето на Пандев многу ни значи, порача капитенот Барди

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди верува во соиграчите и очекува уште еден зрел циклус на „рисовите“ на стартот од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

„Деновиве добро се подготвивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме.

„Енергијата и желбата за победа сами ќе си дојдат, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода. Нема да го потцениме противникот, ве уверувам во тоа“, рече капитенот.

Потоа Барди зборуваше и за значајот со враќањето на Горан Пандев во нова улога во националната репрезентација.

„Цело време сме во контакт со Горан Пандев, многу ми помагаше цело ова време. Тој е голем човек, беше голем фудбалер и многу ќе ни помогне. Знае фудбал, знае да менаџира работи околу тимот и ќе ни биде од голема помош“, заврши Барди.