„Boeing“ доби договор за новата генерација борбени авиони „F-47“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во петокот дека воздухопловниот гигант „Boeing“ го добил договорот за производство на новата генерација „невидливи“ борбени авиони, за коишто 47-от претседател на САД рече дека ќе се вика „F-47“.

„Ништо на светот не му ниту близу, а ќе биде познат како F-47. Генералите го избраа називот а тоа е прекрасна бројка, F-47’, изјави Трамп во Белата куќа.

Оваа објава е одлична вест за „Boeing“, кој минатата година одвај се справуваше со долготрајниот штрајк на работниците и безбедносните проблеми на неговите цивилни авиони.

Во „Boeing’ би требало да ја развијат замената за млазниот борбен авион „F-22“ кој во употреба е веќе две децении и да создадат нов понапреден авион кој може да дејствува синхронизирано со беспилотни летала.

„По ригорозното и темелно натпреварување меѓи некои од најдобрите американски воздухопловни компании, воздухопловните сили на Boeing ќе му го доделат договорот за новата генерација авиони“, изјави Трамп во телевизиското обраќање од Овалната канцеларија.

Додаде дека вредноста на договорот не може да го открие од безбедносни причини.

Речиси невидлив

Министерот за одбрана Пит Хегсет рече дека новото летало „испраќа многу директна, јасна порака до нашите сојузници дека не одиме никаде, а на нашите непријатели дека ќе можеме непречено да ја искажуваме моќта ширум светот“.

Конкурентската компанија „Lockheed Martin“, која ја загуби трката со „Boeing“, соопшти дека се „разочарани од ваквиот исход“, но дека се „убедени дека понудивме компетитивно решение“.

Ловецот „F-47“ ќе го замени моделот „F-22 Raptor“, кој поседува „стелт“ (невидливата) технологија и висок степен на маневарски способности.

Досега малку нешта се познати за можностите на „F-47“, но Трамп рече дека новиот авион ќе биде „речиси невидлив“ со неспоредливи маневарски способности и моќност, како и способност да лета „со многу дронови колку што сакаме, а тоа е нешто што ниту еден друг авион не го може“.