
Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник.
Тој е поранешен советник на Левица во Советот на Општина Аеродром. Моментно е член на Црвена младина на Левица.
А Независниот студентски сојуз кој започнува со делување инсистира политичките партии да не се мешаат во нивната работа.
Во понеделник на плато пред УКИМ во 13:00 часот најавен е пленумски собир на студентите, се вели во соопштението на Независниот студентски сојуз.
Апелираме политичките партии и нивните претставници да стојат на страна, бидејќи ова се моменти на искрено делување и организирање на студентите. Политичките партии, а особено политичката партија Левица се обидува да се вмеша во искреното, транспарентното и чесното организирање на студентите. Доколку во понеделник на собирот видиме партиски луѓе, ние ќе започнеме веднаш со нивно јавно објавување и обзнанување, истакнуваат од НСС.
Не за политика во овие моменти! Порачуваат од НСС.