
Аргентина го победи домаќинот Уругвај со 1:0 во 13-то коло од јужноамериканските квалификации во Монтевидео ноќта кон саботата по средноевропско времет, и покрај тоа што беше без своите ѕвезди Лаутаро Мартинез, Лионел Меси и Пауло Дибала, додека Еквадор забележа победа од 2:1 на Венецуела.
Натпреварот во Монтевидео беше решен во 67. минута кога 23-годишниот Тиаго Алмада погоди за Аргентина.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони изјави дека оваа победа ја покажала длабочината на аргентинската репрезентација.
„Репрезентацијата е тим. Кога еден недостига, другиот настапува“, изјави Скалони за новинарите.
Аргентина во вторник ќе го пречека Бразил во Буенос Аирес. Со 28 бода на пет кола до крајот на квалификациите, Аргентина веќе во вторник би можела да го официјализира пласманот за Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Уругвај е четврти и има седум бода повеќе од седмата Боливија.
Претходно Еквадор на домашен терен ја победи Венецуела со 2:1 и направи голем чекор кон пласман на Светското првенство. Победата ја обезбеди капитенот Енер Валенсија, кој погоди во 39. и 46. минута. Со оваа победа Еквадор го зазеде второто место на табелата.
Јондер Кадиз погоди во 91. минута за намалување на негативата на 2-1. Венецуела е осма, што значи дека е прва под линијата за дополнителни квалификации.
Боливија го држи седмото место со бод повеќе, а шестопласираната Колумбија има седум бодови повеќе од Венецуела, која и натаму е единствената јужноамериканска репрезентација без настап на некои Светско првенство.
Петок, 13. коло од квалификациите за Светското првенство, КОНМЕБОЛ:
Еквадор – Венецуела 2:1
Уругвај – Аргентина 0:1
ТАБЕЛА
1. Аргентина 28 13 9 1 3 22 7 15
2. Еквадор 22 13 7 4 2 13 5 8
3. Бразил 21 13 6 3 4 19 12 7
4. Уругвај 20 13 5 5 3 17 10 7
5. Парагвај 20 13 5 5 3 9 7 2
6. Колумбија 19 13 5 4 4 16 12 4
7. Боливија 13 13 4 1 8 14 30 -16
8. Венецуела 12 13 2 6 5 12 17 -5
9. Перу 10 13 2 4 7 6 16 -10
10. Чиле 9 13 2 3 8 9 21 -12