Трамп го укинува статусот на 530.000 мигранти од Куба, Хаити и Никарагва

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе стави крај на привремениот правен статус на 530.000 Кубанци, Хаиќани, Никарагвамнци и Венецуелци во Соединетите држави, објави во петокот сојузниот регистар, што е најнов чекор во серијата мерки во однос на имиграцијата.

Мерката стапува на сила на 24-т април. Со неа се скратува двегодишната „привремена дозвола“ за влез на мигрантите во земјата по воздушен пат доколку имаат американски спонзори, што им беше доделена од администрацијата на претходниот претседател Џо Бајден.

По преземањето на функцијата, Трамп го забрза спроведувањето на имиграциската политика, која вклучува напори за депортирање на рекорден број илегални мигранти од САД. Тој рече дека програмите за легален влез започнати под Бајден ги надминале законските ограничувања и во извршната наредба од 20-ти јануари побараа нивно укинување.

Трамп на 6-ти март рече дека ќе одлучи „многу наскоро“ дали да го одземе тој статус за околу 240.000 Украинци кои избегале во САД за време на конфликтот со Русија.

Одлуката на администрацијата на Трамп да го отповика правниот статус на околу половина милион мигранти може да направи многумина цел за депортација доколку одлучат да останат во САД. Останува нејасно колку од оние кои влегле во САД на овој начин сега имаат некој друг правен статус.