Чикаго ги потопи Лејкерс иако се вратија ЛеБрон Џејмс и Руи Хачимура

Лос Анџелес Лејкерс можеше да смета на ЛеБрон Џејмс и Руи Хачимура на дуелот против Чикаго, но настрада во второто полувреме на овој дуел во кој целосно потфрли одбраната на избраниците на Џеј Џеј Редик.

Булс постигнаа многу поени во победата 115:146 и заслужено стигнаа до победата, нанесувајќи му незгоден пораз на тимот на Лејкерс, кој се бори за што подобра позиција за плејоф завршницата.

Лука Дончиќ постигна 34 поени, но дури 27 од нив уште во првото полувреме, а имал и 7 загубени топки на оваа средба. Џејмс уфрли 17 поени, а меѓу двете големи ѕвезди се најде Ривс со 25 поени.

Вајт со 36 и Бузелис со 31 поен биле најрасположени во редовите на гостинската екипа, која го полнеше кошот на Лејкерс во Ел-Еј.

Атланта – Голден Стејт 124:115
Њујорк – Вашингтон 122:103
Сакраменто – Милвоки 108:114
ЛА Лејкерс – Чикаго 115:146
Индијана – Бруклин 108:103