Македонците уапсија блокатори од Србија кои дошле да прават хаос, пишува Б92

Група блокатори од Србија, всушност политички активисти поврзани со движења од Србија и невладини организации, беа уапсени во Скопје под сомнение дека дошле да организираат хаос и да ја искористат трагедијата во Кочани за дестабилизација, пишува Б92.

Порталот пишува дека според информациите од безбедносни извори, уапсените имале задача да ги едуцираат локалните активисти како да предизвикуваат инциденти, блокади и граѓанска непослушност, по веќе виденото сценарио од Белград.

„Додека државата тагува и им помага на повредените, некои се обидоа да купат политичко влијание преку тргување со протести. Но, Македонците не дозволија некој од странство да запали искри меѓу сопствениот народ“, се наведува меѓу другото во прилогот.