
Мекларен имаше доминантен настап, бидејќи веднаш зад победникот заврши неговиот тимски колега Ландо Норис, додека третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес.
Трката помина без поголеми возбудувања на патеката. Пјастри ја задржа пол-позицијата, додека неговиот тимски колега уште на стартот го презеде второто место од Расел и го загуби само накратко во текот на трката. Возачите на Ферари на почетокот успеаја да го поминат Макс Ферстапен, кој од четвртото место падна на шестото.
Луис Хамилтон двапати влезе во бокс, за разлика од водечките пет возачи кои имаа само едно застанување, што му овозможи на Ферстапен да го врати своето место, а актуелниот четирикратен шампион четири круга пред крајот ја поврати и позицијата од Леклер. Одличен настап имаше и тимот на Хас, чии двајца возачи освоија поени – Естебан Окон заврши седми, а Оливер Бирман десетти. Поени освоија и Андреа Кими Антонели (осмо место) и Алекс Албон (деветто место).
Во генералниот пласман водството го задржа Норис со 44 бода, а зад него се Ферстапен (36), Расел (35) и Пиастри (34).