
Украинската делегација на разговорите со претставниците на Соединетите држави кои започнаа во неделата попладнето во Саудиска Арабија во целост е конструктивна и преговорите се полезни, изјави во неделата вечерта украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Нашиот тим работи на целосно конструктивен начин. Разговорот е доста полезен и работата на делегацијата продолжува. Но, без оглед на тоа што ќе им кажеме на нашите партнери денеска, треба да го принудиме (рускиот претседател – з.р.) Владимир Путин да даде вистинска наредба за запирање на нападите. Кој и да ја започна оваа војна, мора да ја запре“, рече Зеленски во телевизиското обраќање.
Средбата на делегациите на САД и на Украина претходи на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за понеделник. Средбата доаѓа по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот. Путин се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски постројки, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот.