
Македонската фудбалска А репрезентација со победа од 3:0 во Вадуц против Лихтенштајн ги отвори квалификациите за Светското првенство 2026.
Нашата најдобра селекција уште по првото полувреме го реши прашањето околу победникот. Александар Трајковски во осмата минута и Висар Муслиу во 43 минута беа стрелци по првите 45 минути на стадионот „Рејнпарк“. Во вториот дел погоди и Бојан Миовски за конечни 3:0 за Македонија.
Голот на Миовски по асистенцијата на Бојан Илиевски е номиниран за еден од најубавите на колото.
Заедно со Миовски во овој избор се и: Стеван Јоветиќ (Црна Гора), Ели Даса (Израел) и Армин Гиговиќ (Босна и Херцеговина).
Својот глас можете да го дадате на официјалниот веб сајт на УЕФА.
https://twitter.com/UEFAEURO/status/1903594331719524700