
Маж на возраст од 72 години е уапсен во Смедерево (Србија) под сомнение дека телефонски му се заканувал на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Според наводите на полицијата, осомничениот денес, на 24 март, во 14.15 часот се јавил во дежурната служба на Полициската управа во Смедерево, изјавил дека има намера да го убие претседателот и ја прекинал врската.
Полицијата веднаш започнала оперативни мерки за идентификација на оној што се јавил. Наскоро го утврдиле неговиот идентитет и дошле до неговата куќа, каде што мажот, низ заклучените врати, изјавил дека ќе се запали.
Преговарачкиот тим на српското Министерство за внатрешни работи успеал да го убеди да ги отклучи вратите, по што бил уапсен и приведен во просториите на Полициската управа.
При претрес на куќата биле пронајдени канти и шишиња со бензин.
Фото: МВР Србија