Комеморација за Сара Пројкоска на Факултетот за музичка уметност

Од Факултетот за музичка уметност Скопје известуваат дека заутре (26.3.2025 година) со почеток од 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, драга и непреболена вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.

Сара настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, каде настапуваше како придружен вокал на бендот ДНК. Во несреќата во Кочани животот го загубија 59 лица, претежно деца и млади, а околу 200 беа повредени.