
По завшувањето на четвртфиналето од елитната класа на Лигата на нации, комплетирани се сите групи од европските квалификации за Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Европските квалификации за следното Светско првенство почнаа на 21-ви март, но без осумте учесници во четвртфиналето на Лигата на нации.
Откако се дознаа имињата на патниците за „фајналфорот“ од Лигата на нации, комплетирани се сите квалификациски групи за СП 2026 година.
Во групата во којашто е Македонја, која квалификациите ги започна со уверливата победа од 3:0 на гостувањето кај Лихтенштајн, така дојде селекцијата на Белгија која го надомести заостанувањето од 1:3 од првиот меч со Украина и во реваншот на домашен терен победи со 3:0 и остана во А групата од Лигата на нациите.
Дванаесет победници од европските квалификациски групи ќе добијат директен пласман на Светското првенство, додека 12 второпласирани селекции и четири победници во групите од Лигата на нации кои не се стекнаа со директни квалификации или второ место во својата група ќе обезбедат дополнителни квалификации кои ќе обезбедат уште четири патници на Светското првенство.
Овој „плејоф“ ќе се состои од четири „патеки“ со по четири репрезентации, кои ќе ги играат полуфиналето и финалето во март 2026 година.
ГРУПИ:
Група А: Германија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово
Група Ц: Данска, Грција, Шкотска, Белорусија
Група Д: Франција, Украина, Исланд, Азербејџан
Група Е: Шпанија, Турција, Грузија, Бугарија
Група Ф: Португалија, Унгарија, Ирска, Ерменија
Група Г: Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта
Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино
Група I: Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија
Група Ј: Белгија, Велс, МАКЕДОНИЈА, Казахстан, Лихтенштајн
Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора
Група Л: Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар