Некрофили да не ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани, вели Грчева, се тргна без пардон, се апси, има решителност

Сите сме потресени од трагедијата во Кочани и уште живееме во стрес како ќе се опоравуваат повредените. Но, им порачувам на разни некрофили да не ја злоупотребуваат ситуацијата за да ловат во матно, вели професорката Солза Грчева.

-Владата покажа силна спремност да се справи со ситуацијата и второ, тргна без пардон да апси секој еден поврзан со настанот. Има силна решеност да се пресмета со криминалот и корупцијата кои не јадат одвнатре. И не само во овој случај.

-На многумина им препорачувам да не спијат мирно. Си знаат кои се, а и ние сите ги знаеме. Завршува ерата на локални и национални  шерифи кои за пари и државата заедно со нас ја продаваа. Брзо некој ќе им тропне на врата, пишува Грчева.