Општина Битола повикува кандидати за обука на лични асистенти за лица со попреченост

Општина Битола ги повикува сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат во периодот од 24.03.2025 до 04.04.2025 година.

Услови за пријавување:

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

∙ Да се државјани на Република Македонија;

∙ Да имаат најмалку 18 години;

∙ Да поседуваат општа психофизичка способност за работа;

∙ Да имаат завршено минимум средно образование;

∙ Да бидат мотивирани за работа со лица со тешка и најтешка телесна попреченост, лица со комбинирана попреченост и слепи лица.

Начин на пријавување:

За пријавување, кандидатите треба да достават:

∙ Барање за учество во обуката;

∙ Копија од важечки документ за идентификација (лична карта).

Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк.