Прегазени жена и дете на пешачки на „Партизанска“ во Скопје

Жена и дете се прегазени попладнево на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Тафталиџе 2, на потегот меѓу мостот Обединети нации и Сити мол, пренесува Канал 5.

Очевидци информираат дека жената била однесена во болница во тешка состојба, додека детето лежело на тревникот. По 20-тина минути стигнала Итната помош, кои го превезле детето поради опасност од повреда на рбетот.

Од МВР потврдија дека ќе објават повеќе информации по завршување на увидот.