
Во понеделник во Македонија ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
И во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 3 и 8, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 13 до 22 Целзиусови степени.