Рубио и Нетанјаху разговарале за израелските операции во Газа

Американскиот државен секретар Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата телефонски разговарале за операциите на Израел во Газа, соопшти Стејт департментот.

Во израелски воздушен напад врз болница во Газа во неделата загинаа пет лица, меѓу кои и политички лидер на Хамас. Израел тврди дека нападот бил насочен кон клучна личност во милитантното движење.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека е погодено хируршкото одделение на болницата Насер во Кан Јунис.

Израелската војска соопшти дека нападот следел по исцрпни разузнавачки податоци и користела прецизна муниција за да се минимизира штетата. Војската не ја именуваше целта, но го опиша како „клучен терорист“ од Хамас.

Хамас соопшти дека е убиен член на неговото политичко биро Исмаил Бархум.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека станува збор Бархум.