Кочанската болница објави распоред: Дополнителни психолози и психијатри од Скопје ќе работат во попладневните часови

Општата болница во Кочани го објави распоредот на психолози и психијатри од Клиника за психијатрија – Скопје, кои дополнително ќе работат во оваа здравствена установа на невропсихијатриско одделение во попладневните часови.

-Во деновите кога нема да бидат овде, нашите вработени од Центарот за ментално здравје ви стојат на располагање, информираат од болницата.

25.03.2025 (вторник)

Проф. Др. Стојан Бајрактаров
Психолог Иво Куновски

02.04.2025(среда)

Асс. Др. Билјана Гагачовска
Психолог Абдула Тачи

07.04.2025(понеделник)

Проф. Др. Елизабет Мицева Величкоска
Психолог Флоријан Наумов

15.04.2025(вторник)

Асс. Др. Васка Митова
Психолог Маријана Станковиќ

Од кочанската болница најавуваат дека во текот на престојниот период навремено ќе има известување за наредниот распоред.

Од болницата претходно информираат дека во соработка со Клиника за психијатрија организираат тим на психијатри и психолози од ЈЗУ ОБ Кочани и ЈЗУ Клиника психијатрија за психолошка и психијатарска поддршка на семејствата и блиските на настраданите која ќе биде во служба 24/ 7.