Папата Франциско бил толку блиску до смртта што лекарите размислувале да го прекинат лекувањето

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско бил толку блиску до смртта во еден момент за време на неговата 38-дневна битка со пневмонијате во римската болница „Џемели“ што неговите лекари размислувале да го прекинат лекувањето за да му дозволат да умре во мир, изјави шефот на медицинскиот тим на папата.

По кризата со отежнатото дишење на 28-ми февруари, кога Франциско речиси се задушил од повраќање, „постоеше реален ризик дела нема да се извлече“, вели Серџо Алфиери, лекар во римската болница „Џемели“.

„Моравме да одлучиме дали тука да застанеме и да го пуштиме да замине или да продолжиме со сите можни лекови и терапии, изложувајќи го на огромен ризик од оштетување на другите органи“, изјави Алфиери за италијанскиот Corriere della Sera во интервју објавено во вторникот.

„На крајот се одлучивме за втората опција“, додава Алфиери.

Осумедесет исумдгодишнио Франциско во неделата се врати во Ватикан по најтешката здравствена криза што ја доживеа во неговиот 12-годишен понтификат.

Папата беше примен во болницата „Џемели“ на 14-ти февруари поради напад на бронхитис кој се разви во билатерална пневмонија, особено сериозна здравствена состојба за некој кој боледувал од плеврит како млад човек, а потоа хируршки му бил отстранет дел од едното белодробно крило.

Ватикан во своите дневни извештаи за здравјето на Франциско за време на неговиот престој во болница даде необичен број детали и информации.

За време на престојот во болницата, Светиот Отец мина низ четири „респираторни кризи“ кои се манифестираа како тешки напади на кашлање предизвикани од стеснување на неговите дишни патишта, кои потсетуваат на напади на астма.

Алфиери претходно изјави дека двете кризи биле критични и дека Франциско во тоа време бил во „животна опасност“.

Во едно неодамнешно интервју, Алфиери рече дека личниот здравствен асистент на папата, Масимилијано Страпети, му предложил на медицинскиот тим да продолжи со лекувањето по епизода на повраќање.

Алфиери раскажа дека Страпети им рекол на лекарите: „Пробајте сè и не се откажувајте!“

„Со денови ризикувавме оштетување на бубрезите и коскената срцевина, но решивме да продолжиме со терапијата. Неговото тело реагираше на лековите, а инфекцијата на белите дробови постепено се ублажи“, вели докторот.

За целосно да закрепне, лекарите му наложиле на Франциско да мирува два месеца откако беше пуштен од болницата. Не е познато колку претстојните денови ќе се појавува во јавноста.

На крајот од болничкото лекување, папата се појави пред верниците на балконот на болницата, првпат откако беше хоспитализиран. Алфиери изјави дека тоа најмногу го импресионирало.

„Го гледав како излегува од собата на десеттиот кат на болницата Џемели облечен во бело. Беше многу емотивно да се види како човекот кој повторно станува папа“, вели докторот.