Полицијата врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на „ПУЛС“ и во Државен пазарен инспекторат во Кочани

Полицијата утрово врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката ПУЛС и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани, донаваа Нетпресс од свои извори…

Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката Пулс во која во пожарот живтотот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето Класик во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.