Германка роди 10-то дете на 66 години

Шеесет ишестгодишната директорка на приватниот музеј „ Checkpoint Charlie“ во центарот на Берлин го роди своето десетто дете, јавува германската новинска агенција DPA.

Александра Хилдебрант во вторникот за агенцијата потврди дека нејзиниот син се родил со царски рез минатата среда. Хилдебрант изјави за весникот „Bild“ дека родила осум деца откако наполнила 53 години. Тaa има и две возрасни деца. Хилдебрант отсекогаш сакала да има големо семејство и вели дека сака да ги охрабри луѓето да имаат повеќе деца. Истакна дека не користела репродуктивни технологии за зачнување.

Се хранам многу здраво, пливам редовно еден час, пешачам два часа, не пушам и не пијам и никогаш не сум користела контрацепција, изјавиЛа таа за „Bild“.

Лекарот од болницата „Charité“, Волфганг Хенрих, рекол за медиумите дека Хилдебрант е најстарата трудница за која се грижел, бидејќи ги извршила сите осум нејзини царски резови.