
Спротивно на договорите од саудиски Ријад, постигнати со договорот со посредстввото на САД, украинските сили и покрај договорот за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, трипати се обидоа да нападнат енергетски објекти во регионите на Крим, Брјанск и Курск, соопшти во средата руското Министерство за одбрана.
„Ноќта на 26 март 2025 година, во близина на брегот на Крим во областа на ‘ртот Тарханкут, две украински јуришни летала беа соборени од дежурни системи за противвоздушна одбрана; цел на нападот беше копнената опрема на подземниот капацитет за складирање гас Глебовскоје“, се вели во извештајот.
Рускиот извештај се совпадна со украинското обвинување дека во средата утрото Русија, исто така, со беспилотни летата го нападнала пристанишниот црноморски град Миколаив (Николаев) и покрај оговорот од Ријад кој предидува и прекин на огнот во Црното Море. Исто така, Укаина обвини и за наводен руски удар врз инфраструктура за пренос на струја во градот Кривиј Рих (Кривој Рог).
Според времето на изведување на нападите кои ги наведуваат и двете страни, не може да се оцени дали станува за возвратни удари на некоја од завојуваните земји или за двострано непридржување до договорот.
Истовремено, руската страна објави и дека околу 04:45 часот по московско време, украинско беспилотно летало се обидело да погоди објект на филијала на енергетската компанија „Россети Центар Брјансенегро“. Поради ова, високонапонската линија беше исклучена, а жителите на областа Комарички останаа без струја.
Ден претходно, беспилотно летало нападна енергетски објект на филијалата на „Россети Центар Курскенерго“, додава руското Минситерство за одбрана. Поради овој напад имало каскадно исклучување на трафостаниците, што оставило без струја повеќе од четири илјади потрошувачи во областа Хомутовски.
„Така, режимот во Киев, продолжувајќи да ја оштетува цивилната енергетска инфраструктура на Русија, всушност прави се што може за да ги наруши руско-американските договори постигнати за чекор-по-чекор мерки за решавање на украинскиот конфликт“, заклучи Министерството за одбрана.
Изминатите два дена во саудиската престолнина Ријад, се одржаа преговори меѓу експертските групи на Русија и САД, а ден претодно и на делегации на Украина и САД. Како резултат на разговорите, завојуваните страни се согласија да развијат механизам за забрана на удари врз енергетските капацитети во Русија и Украина во период од 30 дена, почнувајќи од 18-ти март. Подоцна, Кремљ објави список на такви објекти договорени од руската и американската страна, во кој особено беа вклучени: рафинерии, нафтоводи и гасоводи и складишта, електрани, трафостаници, хидроцентрали, трансформатори и дистрибутери.