Променливо облачно со повремен дожд

Во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 6 до 11, а највисоките дневно соодветно ќе биат во опсегот меѓу 9 и 19 Целзиусови степени.