Руте: Исчезнатите американски војници „загинале во инцидент“ во Литванија

На претходните извештаи за исчезнати четворица американски војници и возило во Литванија во средата, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, им изјави на новинарите дека е потврдена нивната смрт.

Со таа информација тој го започна својот брифинг за новинарите по одржаниот говор на Економското училиште во полската престолнина Варшава.

„Додека го држев мојот говор, дојде вест за смртта на четворица американски војници во инцидент во Литванија. Тоа е сè уште рана вест, па не ги знаеме деталите, но очигледно ова е навистина страшна вест, а нашите мисли се со семејствата и најблиските. Му испратив порака на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет дека, се разбира, нашите мисли и молитви се со семејствата и со САД.“, им рече Руте на новинарите.

Литванскиот јавен радиодифузен сервис LRT објави дека четворицата војници „можеби се мртви“, но „ова не е официјално потврдено“, додека другите литвански медиуми како TV3 и Lrytas, исто така, неофицијално известија за нивното загинување.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа беше цитиран од TV3 дека истрата е во тек, но одби да даде појаснување, бидејќи „околностите се разјаснуваат“.

LRT, исто така, објави дека литванскиот министер за одбрана Довиле Шакалиене бил на пат кон базата за обука.

Во претходното соопштение на Канцеларијата за односи со јавноста на американската армија за Европа и Африка во Визбаден, во Германија, беше наведено дека војниците во тоа време спроведувале закажана тактичка вежба.

Литванските вооружени сили во соопштението известија дека во вторникот биле информирани дека исчезнале четворица американски војници и едно возило на гасеници, што вообичаено се однесува на тенк или на оклопен транспортер.

Потрагата по четворица војници на американската армија кои исчезнаа за време на тренинг мисија во близина на границата на Литванија со Белорусија е во тек, соопшти американската армија во средата, откако нивното оклопно возило беше пронајдено потопено во водна површина, објави телевизијата CCN, повикувајќи се на извори..

Подоцна во средата, Армијата на САД за Европа и Африка потврдија дека оклопното возило „М88“ со кое управувале војниците било пронајдено во областа предвидена за одржување на вежбата.

„Возилото беше откриено потопено во водна површина во областа за обука по пребарувањето на американската армија, литванските вооружени сили и другите литвански власти. Во тек се напори за спасување од страна на американската армија и литванските вооружени сили и цивилните агенции. Напорите за потрага по војниците продолжуваат“, се вели во објавата на која се повикува телевизијата „

Претходно амбасадата на САД на социјалната мрежа Х објави дека војниците исчезнале на полигонот „Генерал Силвестрас Укаускас“ во близина на Пабраде во источна Литванија, блиску до границата со Белорусија. Во објавата не беше наведено кога исчезнале.

„Војниците, сите од 1-та бригада на 3-та пешадиска дивизија, спроведувале планирана тактичка обука во моментот на инцидентот“, беше наведено во куото оопштение и се додаваше дека „потрагата е во тек“. Засега нема објава во која е потврдено нивното загинување.

„Можната локација на инцидентот е идентификувана и во тек е операција за пребарување и спасување“, соопшти претходно во средата литванската армија.

Во соопштението на Армијата на САД за Европа и Африка се објаснува дека војниците во моментот на нивното исчезнување спроведувале закажана тактичка обука.

Претседателот на Комитетот за национална безбедност и одбрана, Гидримас Јеглинскас, по пријавувањето на исчезнатите војници изјави: „Навистина го цениме и сме благодарни за присуството на САД“ во Литванија.

САД го зајакнаа своето постојано воено присуство во Источна Европа и балтичкиот регион од 2014 година, по насилниот прозападен преврат во Украина и граѓанската војна меѓу прозападните власи во Киев и отцепените доминантно руски и рускојазичнин региони на југоистокот од земјата.

Во Литванија, која членка и на НАТО и на Европската унија, се стационирани, покрај другите единици на НАТО, и стотици американски војници, на ротациона основа. Американскиот воен камп „Камп Херкус“ беше основан во Пабраде во август 2021 година, половина година пред руската инавзија во Украина. Има капацитет за сместување долгорочно до 700 војници или 1.000 на краткорочна основа, според литванските вооружени сили.