
Деветнаесетгодишната филипинска тенисерка Александра „Алекс“ Маниего Еала се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Мајами, откако ја победи втората светска тенисерка, Полјачката Ига Швјонтек со 6-2, 7:5.
Еала, која е 140-та светската ранг-листа победи по час и 41 минуа игра и првпат во својата кариера се пласираше во полуфиналето на еден ВТА турнир.
Еала истовремено стана првата тенисерка од Филипини која се пласирала во полуфиналето на ВТА турнир, а од понеделник ќе биде и првата Филипинка меѓу најдобрите 100 тенисерки во светот.
Таа е третата тенисерка во историјата која играше на турнирот во Мајами благодарение на вајлд-карта а стасала до полуфиналето, по Белгијката Жастин Енен во 2010 година и Белорусинката Викторија Азаренка во 2018.
Еала во полуфиналето ќе игра против победничката од мечот меѓу Американката Џесика Пегула и Британката Ема Радукану.
Петкратната гренслем шампионка Швјонтек, инаку, имаше дополнително обезбедување на овој меч откако навивач ја навредуваше во текот на саботниот тренинг.