
Директорот на Центарот за анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски не беше единствениот кој беше фатен во нарко афера. Ќе потсетиме дека втората нарко афера во оваа партија беше на водачот на Шарената револуција и нивен пратеник, Павле Богоевски. Тоа беше афера каде на снимка чија автентичност Богоевски ја потврди, се гледаше како нарачува психотропна наркотична супстанца“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна, Јон Фрчкоски порано и помошник директор во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор се гледа како шмрка кокаин на работно место.
Ете тој ист човек, инаку син на таткото на транзицијата, Љубомир Фрчкоски, сега дели пораки за правда од партиската говорница на СДСМ. Значи има најмалку две лица СДСМ. Едно кога држи лекции за морал и правда, и друго кога зад затворени врати шмркаат кокаин, прават криминал и разврат. Не е доволно Јон Фрчкоски да си поднесе оставка од измислена партиска функција. Системот треба да функционира и надлежните органи да го повикаат на распит. Во спротивно од кога тоа шмркање на кокаин може да се прости со изјава дека е ‘слабост од минатото’ како што ја опиша Фрчкоски во јавното признание. Од друга страна, тој силата ја доби од СДСМ, и партијата не може едноставно да молчи. Зошто СДСМ не се огради од Јон Фрчкоски? Дали Венко Филипче одобрува шмркање на кокаин? Дали СДСМ ќе се извини и ќе побара во овој случај институциите да постапат согласно закон?“, наведено е во партиското соопштение.