Ердоган смета оти протестите во Турција предизвикуваат значителни економски последици

Протестите во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, доведоа до значителни економски последици во земјата. Турските берзи доживеаја големи падови, а турската лира ослабна во однос на доларот.

Властите се обидоа да ја стабилизираат ситуацијата со ограничувања на пазарот и интервенции во берзата. Политичката неизвесност ја наруши довербата на инвеститорите, но министерот за финансии Мехмет Шимшек ветува стабилност и продолжување на инвестиционите можности.

Иако краткорочно може да има влијание врз туризмот и други сектори, експертите сметаат дека долгорочните последици зависат од политичките мерки и економската стабилизација.