Нестабилно со повремени врнежи, на истокот невреме со пороен дожд

Во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 3 и 10, а највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 9 до 19 Целзиусови степени.