Од 800 испитани станбени згради во Карпош, само зградата на Адора е целосно усогласена со противпожарните прописи.

Според најновото соопштение на градоначалникот на општина Карпош, зградата „Адора Diamond Garden“ е единствениот станбен објект во општината кој ги исполнува сите законски барања и стандарди за противпожарна заштита.

По извршената контрола на 800 станбени згради во општина Карпош, само зградата на Адора е оценета како целосно усогласена со прописите. Според извештајот, само Адора Diamond Garden располага со 41 противпожарен апарат, ПП апарати во сите 18 индивидуални деловни единици, CO₂ апарати за гасење на пожари предизвикани од електрични инсталации и специјален систем за гасење пожар, панични светла и целосна противпожарна инфраструктура според највисоките стандарди.

Во однос на оваа поразителна статистика, управителот на Adora Facility Management, која што е станбен управител во оваа зграда, и заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата, Г-дин. Душко Чифлиганец, изјави:

„а Адора, изградбата на домови е највисок морален и одговорен чин за безбеден и квалитетен живот. Промената во општеството започнува со позитивна промена од секој од нас поединечно.”